Турнири

Тешки дуели вечерва во Ораовица: Мена Транс или ФАФА транспорт, Даниел Инженеринг со дерби пресметки

Сподели
Сподели

Вечерва нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, за ново комплетно уживање на верната публика, која покрај добриот фудбал ќе има можност да ужива во добра скара и ладно пиво.

Програмата стартува во 20 часот со дуелот во кој Мена Транс ќе го предизвикува ФАФА Транспорт, дуел на „транспортери“ каде само триумф е цел.

Еден час подоцна Даниел Инженеринг ќе оди на мегдан против „шлеперите“ на Мена Транс, кој претходно ќе „возат една тура“, па може да ги стигне замор.

Во 22 часот Вергови ќе оди на дуел со Даниел Инженеринг, каде се очекува неизвесно соочување за трите бодови. Вечерта се затвара во 23 часот со дуелот меѓу Интер Пласт и Studio Beauty Steysu.



Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој се одржува во радовишкото село Ораовица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!