Турнири

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Сподели
Сподели



Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби Радање, а веднаш потоа лесно го доби и составот на Фаланга Штип со конечни 4:2.

Третиот меч беше најнеизвесниот, откако Џоле Транс Коп се намачи за славје од 1:2 над Динамо Штип.

Следуваше и четвртиот меч на кој паднаа пет гола, за висок триумф на Техногума Мела рент од 4:1 над Капе Верде.

Утрешната програма на турнирот во Чардаклија нуди четири возбудливи натпревари и обид да се фати последниот воз за пласман во нокаут фазата, затоа бидете во штипската населба Чардаклија да следите атрактивни натпревари.



20:00 часот Чардаклија Сениори – Перо и Тајфата
20:50 часот Тобис Агро – Blagica Kitchen
21:40 часот Blagica Kitchen – Компанија Атанасовски
22:30 часот Компанија Атанасовски – Тобис Агро

Спортска Мрежа и оваа година по петти пат е медиумски покровител на овој спортски настан.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!