Прва лигаФудбал

Тиквеш повеќе не е на „црната листа“ на ФИФА

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели



Македонскиот прволигаш Тиквеш успешно ги затвори сите отворени случаи пред ФИФА и повеќе не се наоѓа на листата на клубови со забрана за регистрација на нови фудбалери.

Кавадаречкиот клуб претходно имаше две активни санкции од Светската фудбалска федерација, секоја со важност од по три преодни рока, поради неисплатени обврски кон поранешни странски фудбалери. Откако сите побарувања се подмирени, Тиквеш официјално е избришан од таканаречената „црна листа“ на ФИФА.

Во моментов, од македонските клубови на оваа листа остануваат само Воска Спорт и Шкупи. Воска Спорт, некогашен прволигаш, повеќе не се натпреварува во ниту еден ранг на македонскиот фудбал, додека Шкупи, кој минатата сезона испадна од Првата македонска фудбалска лига, од 15 август ќе настапува во Втората лига и сè уште се соочува со активни санкции од ФИФА.

За Тиквеш ова претставува значаен чекор кон целосна финансиска и организациска стабилизација. Клубот во изминатите сезони испиша една од најубавите страници во својата историја, освојувајќи го Купот на Македонија и обезбедувајќи го првиот европски настап.

Воедно, кавадарчани на одличен начин ја отворија и новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Пред својата публика, Тиквеш убедливо го совлада Арсими со 5:1, испраќајќи јасна порака дека и оваа сезона има високи амбиции во домашниот шампионат.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!