Турнири

Стартот на Меморијалниот турнир во Дебреште е одложен, пријавувањето на екипи продолжува

Сподели
Сподели

Организаторите на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо“ известија дека почетокот кој беше предвиден за 20 јули се одложува, а со тоа продолжува и пријавувањето на екипите.

Причината поради која се одложува почетокот на турнирот според предвидениот рок е уредување на мрежата околу спортскиот терен, како и средувањето на бекатонските плочки околу џамијата.

Организаторите известија дека за новиот термин, ждрепката и почетокот на турнирот навремено ќе информираат.

Досега на турнирот се пријавија 20 екипи, а пријавувањето е отворено за секоја нова екипа која сака да учествува на турнир со силна конкуренција.

Првопласираниот тим ќе освои 250.000 денари, второпласираниот тим 150.000 денари, за третиот тим е обезбедена парична награда од 80.000 денари, а пак за четвртото место се предвидуваат 10.000 денари.

За најдобриот играч обезбедена е награда од 6.000 денари, а пак најдобриот голман ќе инкасира 4.000 денари.



Котизацијата за учество по екипа е 8.000 денари, а пријавувањето можете да го направите на 071/833-620, 070/647-289 и 078/680-825.

„Професионални судии и бод-систем ќе гарантираат фер и квалитетен турнир. Екипата ќе биде официјално пријавена и објавена по извршена уплата на трансакциската сметка или кај лицата одредени за организација на турнирот“, велат организаторите на турнирот.

Спортска Мрежа и годинава ќе биде медиумски покровител на овој турнир, а на кој наградниот фонд изнесува фантастични 500.000 денари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со високи 0:5 славеше над БВК Коњаре во Петровец. Бурим Алиев...

Ракомет

Томовски блеска на стартот од сезоната: Македонецот е втор голман во Бундес лигата!

Мартин Томовски има одличен почеток на сезоната во Бундес лигата и по првите три кола се наоѓа веднаш зад лидерот според бројот на...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!