Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица ги „запали моторите“, радовишани ќе бидат освежени во ростерот

Сподели
Сподели

Детонит Плачковица денес ги започна подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако шефот на стручниот штаб Горан Здравков ја имаше првата прозивка.

На првиот тренинг присуствуваше и новото засилување Махир Ајрули кој доаѓа од редовите на Каменица Саса, а од утре ќе се приклучи и Филип Димоски, напаѓач кој пристигна од тимот на Осогово, а ново име ќе биде и Бранимир Иванов од Брегалница. Во тимот се приклучени и неколку млади фудбалери.

Според информациите на Спортска Мрежа во следните денови ќе има уште неколку засилувања со што ќе се комплетира ростерот, а ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се проверува како оди подигањето на формата за новата сезона.



Новата сезона радовишани ја отвараат на Чаир против ланскиот прволигаш Шкупи, а првиот домашен меч ќе биде против Охрид.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!