Турнири

Василево ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Трајчо Петров“ – младите фудбалери ќе ја продолжат традицијата

Сподели
Сподели



Фудбалската академија Христов, со поддршка на Општина Василево и семејството Петрови, на 22 и 23 август 2026 година ќе го организира Меморијалниот турнир „Трајчо Петров“, посветен на ликот и делото на Трајчо Петров.

Турнирот ќе се одржи на стадионот во Василево, а ќе учествуваат млади фудбалери од генерациите 2013 до 2019 година.

Програмата започнува на 22 август, кога на терен ќе настапат екипите од генерациите 2014 и 2015, додека вториот натпреварувачки ден, 23 август, ќе биде резервиран за генерациите 2016, 2017, 2018 и 2019.

Организаторите и годинава остануваат доследни на својата мисија турнирот да биде празник на детскиот фудбал, а не само натпреварување. Под мотото „Секое дете е победник со медал“, секој млад фудбалер ќе добие признание за своето учество, со што се испраќа силна порака дека најважни се дружењето, спортскиот дух и љубовта кон фудбалот.

Меморијалниот турнир има за цел да го зачува споменот на Трајчо Петров, а низ детската игра да ги негува вредностите на почитта, традицијата, дружењето и фер-плејот.

И годинава, Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи целосно медиумско покривање на натпреварите, резултатите и најинтересните моменти од оваа традиционална спортска манифестација, која секоја година собира голем број млади фудбалери, тренери и љубители на фудбалот во Василево.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!