Прва лигаФудбал

Кристијан Стојкоски ново засилување на Брегалница

Сподели
Сподели

Прволигашот Брегалница се засили со Кристијан Стојкоски, кој пристига од Тиквеш, се работи за искусен офанзивен играч за врска.

34-годишникот низ неговата кариера покрај за Тиквеш настапуваше и за Тетекс, Македонија ЃП, Шкупи, АП Брера Струмица и Работнички.

Стојкоски четирипати го освојуваше Купот на Македонија, првпат во 2018/2019 со екипата на АП Брера Струмица, потоа со Македонија ЃП освои две Куп титули, во сезона 2021/2022 и 2022/2023, а последната Куп титула е од сезона 2023/2024 со Тиквеш.

Во Првата лига новото засилување на „сините“ има 309 настапи со 34 гола и 67 асистенции.

Веќе овој викенд тимот на Брегалница ќе се соочи со шампионот Вардар во гости, во рамките на првото воведно коло од новата сезона во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе одигра нов дуел со репрезентацијата на Швајцарија во гости, во оглед нашата репрезентација да извлече позитивен резултат,...

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!