Ракомет

Ѓорче Петров го дозна европскиот ривал – чешки Баник Мост на патот кон групната фаза

Сподели
Сподели

Македонскиот шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров, го дозна противникот во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. На денешната ждрепка одржана во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, скопскиот тим за ривал го доби чешкиот состав Баник Мост.

„Лавиците“ во ждрепката влегоа како носителки, а европската сезона ќе ја започнат во квалификациската рунда, во која ќе се борат за место во следната фаза од натпреварувањето.

Првиот натпревар е предвиден да се одигра на 3 или 4 октомври, додека реваншот ќе биде на програмата 10 или 11 октомври. Победникот од двомечот ќе обезбеди пласман во следната квалификациска рунда, која е последната пречка пред групната фаза на Европската лига.

Баник Мост е еден од најпознатите женски ракометни клубови во Чешка, а минатата сезона остана без шампионската титула во домашното првенство, што најавува интересен и неизвесен двомеч со македонскиот првак.

Во оваа квалификациска рунда ќе се одиграат вкупно 16 двомечи, а победниците ќе се пласираат во последната квалификациска фаза, каде ќе им се приклучат уште осум директно пласирани екипи. Само најуспешните ќе обезбедат место во групната фаза на Европската лига на ЕХФ.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!