Останато

Ристески, Милев, Јосифов и Ајети со ФИВБ Левел 2 лиценца

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонските тренери Кристијан Ристески, Атанас Милев, Ѓоко Јосифов и Хабил Ајети успешно го минаа меѓународниот ФИВБ Левел 2 курс за одбојкарски тренери, кој се одржа во хотелот „Адор“ во Приштина, Косово.

Ристески и Милев, кои се дел од стручниот штаб на машкиот сениорски национален тим, како и Јосифов, кој веќе неколку години ја гради својата тренерска кариера во Австрија и Ајети, кој работи со женскиот подмладок успешно го завршија процесот на предавања, практични сесии и професионално тестирање, на кој учествуваа 24 тренери од различни земји.

Четворицата тренери со овој курс направија чекор напред во професионалната тренерска надградба и им останува уште еден семинар за да дојдат до највисокото ниво – ФИВБ Левел 3.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Љуботен и Скопје, Никола Петковски ќе им суди на Истатов и Кочани

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на дербито на 11. коло на Првата женска фудбалска лига во Тетово, меѓу лидерот Љуботен...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шест победи, но нов противник: Македонија против Луксембург го отвора патот кон десеттото ЕП

Македонската ракометна репрезентација има совршен биланс против Луксембург — шест победи во шест меѓусебни натпревари. Во среда, од 19 часот во „Борис Трајковски“,...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!