Турнири

Фреигхт Оне или Црна Река – кој ќе го освои турнирот во Конче

Сподели
Сподели



Вечерва се игра големото спектакуларно финале на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ – најдобрите две екипи кои обезбедија пласман во големото финале ќе го имаат последниот предизвик до подигање на шампионскиот пехар.

Фреигхт Оне од Радовиш или кавадаречка Црна Река ќе биде победникот на овогодинешното издание на турнирот во општина Конче.

Двете екипи имаа повеќе од тешка полуфинале за пласман во големото финале. Екипата на Црна Река преку Перо и Тајфата стигна до пласман во финалето триумфирајќи со 3:2, но во продолжението.

Во регуларниот дел „тајфата“ го отвори резултатот, а потоа кавадарчани го свртеа резултатот на 2:1, но примија гол на неколку секунди до крајот за 2:2.

Во продолженијата двете екипи влегоа исцрпени со последни сили, а тука Црна Река успеа да постигна гол и со конечни 3:2 да се пласира во големото финале.

Во вториот полуфинале меч беше буквално како финале пред финале – Фреигхт Оне со 6:4 славеше над Дивино во вистинска драма.

Радовишани брзо постигнаа три гола што беше вистински шок за тимот на Дивино, а потоа Фреигхт Оне дојде и до 4:0 предност. До крајот на првиот дел популарните пици од Босилово стигнаа до 4:2, а тоа го принуди Фреигхт Оне да бара тајм-аут. До крајот на првиот дел резултатот не се промени.

Во второто полувреме Дивино успеа да постигна два гола предност за 4:4, а потоа имаше шанса и за пресврт, па мечот влезе во продолженија од двапати по пет минути.

Во меч каде се чувствуваше заморот и кај едните и кај другите Фреигхт Оне постигна два гола за предност од 6:4, што се покажа и конечен резултат.



Вечерва во 20:30 часот ќе има Настап на културно-уметнички друштва. Во 22 часот започнува мечот за трето место каде Перо и Тајфата ќе го предизвикува составот на Дивино, а пак од 23 часот започнува големото финале меѓу Црна Река и Фреигхт Оне.

Сите патишта водат кон Конче, каде покрај два спектакуларни натпревари, ќе можете да уживате во добра скара, ладно пиво и неверојатно одлични палачинки.



За сите вие кои нема да можете да бидете во Конче, натпреварите ќе можете да ги следите во живо на Спортска Мрежа преку директен пренос на YouTube каналот на Спортска Мрежа.

И годинава Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан, кој зад себе има огромна традиција и историја.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Кој ќе игра во Суперлигата – Соколи со Србиновски и Шкупи во трка за местото во елитата

Штип е пред можност повторно да добие суперлигашка кошарка, откако КК Соколи официјално поднесе барање на јавниот повик на Кошаркарската федерација на Македонија...

Втора лигаФудбал

Денес стартува 35. издание на Втората лига: Нов формат, големи амбиции и жестока битка за ПМФЛ

Денес стартува 35. издание на Втората македонска фудбалска лига, која во новата сезона носи одредени промени во системот на натпреварување во однос на...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва четири нови дуели на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе има атрактивни соочувања!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ продолжува вечерва...

Турнири

Вечерва беа “искинати” мрежите на турнирот во Дебреште за високи и убедливи победи

Нови убедливи победи на меморијалниот турнир “Алмир Ибески – Апмо 2026”, откако...

Турнири

Денес стартува седмиот „Трофеј Трајан Куља“: Голем број екипи од повеќе држави на турнирот во Црнобуки

Битолското село Црнобуки денес повторно ќе биде во знакот на детскиот фудбал,...

Турнири

Пилана Жарко и Црнилиште пресилни на турнирот во Дебреште

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!