Ракомет

Усама Хосни потпиша за Шарт, францускиот клуб го врза до 2028 година

Сподели
ФОТО: pro.ccmhb.fr
Сподели



Тунискиот репрезентативец Усама Хосни и официјално ја продолжува кариерата во Франција, откако потпиша договор со прволигашот Шарт до летото 2028 година.

33-годишниот десен бек во францускиот клуб пристигнува по настапите за Еурофарм Пелистер, каде во изминатите две сезони беше дел од битолскиот тим и настапуваше и во Лигата на шампионите на ЕХФ. Во Шарт ќе ја засили десната бековска позиција заедно со Габин Мартинез.

Францускиот клуб во својата објава истакнува дека Хосни е ракометар со големо меѓународно искуство, препознатлив по силниот шут и ефикасноста од далечина, квалитети со кои треба да донесе дополнителен квалитет во составот.

Спортскиот директор на Шарт, Генади Соломон, не го криеше задоволството од ангажманот на тунискиот интернационалец.

„Многу сум среќен што го пречекуваме Усама во редовите на С’Шарт Метропол Хендбол. Неговото искуство, посветеност и дефанзивни квалитети ќе бидат вистински адут за нашиот тим. Тој е играч со карактер и борбен дух, што совршено се вклопува во менталитетот кој сакаме да го изградиме оваа сезона“, изјави Соломон.

За Хосни ова ќе биде враќање во францускиот шампионат, каде претходно настапуваше за Иври, Понто-Комбо и Истр, пред да се пресели во македонскиот шампионат. Во дресот на Еурофарм Пелистер освои домашни трофеи и беше дел од настапите на клубот во најелитното европско клупско натпреварување.



Искусниот десен бек е стандарден репрезентативец на Тунис и зад себе има настапи на големи меѓународни натпреварувања, а со новиот ангажман во Шарт ќе се обиде да остави нов белег и во француската елита.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!