Прва лигаФудбал

Александар Таневски со емотивна порака потврди дека се разделува со прволигашот Скопје

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалскиот клуб Скопје ќе влезе во новата сезона со промени на тренерската позиција, откако шефот на стручниот штаб Александар Таневски и официјално се разделува со прволигашот од Автокоманда.

Таневски успешно ја исполни главната цел со „пиратите“, откако го врати клубот во Првата македонска фудбалска лига. Скопје минатата сезона ја заврши на второто место во Втората лига, а потоа преку баражот ја совлада Брера Струмица и обезбеди пласман во елитното друштво, враќајќи го клубот во Првата лига по неколкугодишно отсуство.

Заминувањето од клубот го потврди и самиот Таневски, кој преку емотивна порака се збогуваше со Скопје.

„Некои одлуки во фудбалот се најтешки токму кога има почит и заеднички успех. Не си заминувам од ФК Скопје затоа што не го сакам клубот, играчите, навивачите и луѓето од населбата. Напротив — токму поради сè што поминавме заедно, оваа одлука ми е тешка. Заедно создадовме тим, атмосфера и успех на кој сите можеме да бидеме горди. Го вративме клубот таму каде што заслужува да биде — во Првата лига. Но понекогаш, колку и да сакаш нешто, мора да прифатиш дека некои приказни треба да завршат додека сè уште има достоинство, почит и убави спомени. Ви благодарам на играчите, стручниот штаб, навивачите и сите што беа дел од оваа сезона. ФК Скопје секогаш ќе има посебно место во моето срце“, вели Таневски.

Скопје веќе ги започна подготовките за новата сезона, но по заминувањето на Таневски раководството ќе треба да избере нов шеф на стручниот штаб кој ќе го предводи тимот во претстојното првенство. Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува на 25 јули, а клубот од Автокоманда наскоро ќе треба да го комплетира стручниот штаб пред стартот на шампионатот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!