Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со победа над Словачка го отвори Европското првенство во Братислава

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката младинска репрезентација на Македонија успешно го започна настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава, откако во првото коло ја совлада селекцијата на домаќинот Словачка со 71:63.

Избраниците на селекторот Никола Велев одиграа сигурен натпревар и со заслужена победа направија важен прв чекор во борбата за висок пласман во групата „А“.

По рамноправната прва четвртина, која им припадна на Словаците со 17:15, македонските кошаркари го подигнаа нивото на игра во вториот период. Со цврста одбрана, брза транзиција и прецизен напад, Македонија направи пресврт и на полувремето замина со убедлива предност од 41:28.

Најрасположен во првите 20 минути беше Коста Ќириловски, кој ги постигна сите свои 15 поени и беше лидер на македонскиот состав.

Нашата репрезентација одлично го отвори и второто полувреме, правејќи серија од 10:0 за највисоки 51:28. Иако Словачка успеа постепено да ја намали негативата и на стартот од последната четвртина се доближи на само пет поени (57:52), Македонија не дозволи пресврт.

Во завршницата Амар Грбовиќ, Сергеј Младеновски и Атанасиј Трајанов погодија во вистински момент и повторно обезбедија двоцифрена предност, додека Марко Луканоски со важен кош на помалку од три минути до крајот практично ги реши сите дилеми околу победникот. До крајот, македонските кошаркари рутински ја зачуваа предноста и заслужено го запишаа првиот триумф на шампионатот.

Коста Ќириловски беше најефикасен во македонскиот тим со 15 поени. Марко Луканоски натпреварот го заврши со 11 поени и девет скока, додека Давид Петрушевски запиша 10 поени и пет скока.

Во вториот натпревар од групата „А“, Шведска убедливо го совлада Азербејџан со 85:58, додека Ирска беше слободна во првото коло.

Следниот предизвик за Македонија е денес , кога од 13:30 часот ќе се сретне со селекцијата на Ирска во рамките на второто коло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!