Ракомет

(ВИДЕО) За првпат ракомет во Општина Конче: РК Феникс отвора школа, младите добиваат нов спорт

Сподели
Сподели



Општина Конче за првпат ќе добие организирана ракометна школа, откако беше воспоставена официјална соработка помеѓу Општината и Ракометниот клуб Феникс од Радовиш. Со почетокот на новата учебна година, клубот ќе започне со работа во Конче, отворајќи ново спортско поглавје за младите од оваа рурална општина.

Со ова, Конче уште еднаш потврдува дека е вистинска општина на спортот. По борењето и фудбалот, младите за првпат ќе имаат можност организирано да тренираат и да играат ракомет, што претставува значаен чекор во проширувањето на спортските содржини за младите. Воедно, општината останува силно посветена и на организацијата и поддршката на бројни културни настани.

Заложбите на градоначалникот Златко Ристов, заедно со Советот на Општина Конче, уште еднаш покажуваат дека развојот на спортот и младите е еден од главните приоритети на локалната самоуправа, која продолжува да создава услови за нови спортски можности.

Претседателот на РК Феникс, Игор Соколов, истакна дека сите деца од Конче ќе имаат можност да се запишат во школата и да тренираат ракомет преку системска и стручна работа – од совладување на основните ракометни техники, па сè до создавање на идни ракометни ѕвезди кои ќе бидат гордост на Општина Конче.

Во знак на воспоставената соработка, градоначалникот Златко Ристов и претседателот на РК Феникс, Игор Соколов, си подадоа рака, а Соколов му врачи клупски дрес на градоначалникот Ристов како симбол на благодарност, почит и признание за силната поддршка што Општина Конче му ја дава на клубот и на развојот на ракометот во општината.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!