Втора лигаФудбал

Дамјан Масевски ќе биде ново засилување за второлигашот Охрид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање
Сподели



Второлигашот Охрид и во новата сезона ќе биде со амбиции да ги напаѓа првите две места кои директно водат кон Првата македонска фудбалска лига, за таа цел според информации на Спортска Мрежа ново засилување ќе биде Дамјан Масевски, кој се враќа во редовите на Охрид.

Искусниот голгетер во таборот на „рибарите“ доаѓа од штипска Брегалница, клуб со кој успеа да обезбеди влез во Прва лига.

Претходно, го носеше дресот на Детонит Плачковица, Пелистер, Силекс, Тетекс, Кадино и Работнички од каде и ја започна кариерата.

Информацијата на Спортска Мрежа за трансфер на Масевски во Охрид, на некој начин ја потврди и самиот клуб, со споделено story на официјалниот Инстаграм профил на клубот од погодоци на Масевски кога го носеше дресот на клубот.

Охрид веќе е во тренажен процес, а тимот работи максимално посветеност, а во следниот период ќе следуваат и пријателските натпревари преку кои „рибарите“ ќе ја проверуваат формата за новата сезона, која стартува на 15 август, а Охрид истата ја отвара на домашен терен против Новаци.



Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!