Втора лигаФудбал

(ФОТО) Пелистер продолжува со „ремонтот“: Шест нови имиња во битолскиот состав

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со интензивното екипирање на тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако денес официјално претстави уште шестмина фудбалери кои ќе го носат зелено-белиот дрес.

Нови членови на битолскиот клуб се Данаил Тасев, Максим Славков и голманот Давид Илоски, додека во Пелистер се враќаат добро познатите Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски.

Тасев пристигнува од редовите на Тиквеш и треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред, Славков е млад лев бек кој доаѓа од чешка Спарта Колин, додека 18-годишниот Илоски ќе ја засили голманската конкуренција по трансферот од Брера.

Големо внимание привлекува и враќањето на тројцата повратници. Љамчевски, Христов и Наумоски веќе го носеа дресот на Пелистер и добро ја познаваат клупската средина, па од нив се очекува со своето искуство да придонесат во остварувањето на клупските амбиции.



Битолчани во текот на летниот преоден рок направија сериозна реконструкција на играчкиот кадар. Покрај новите засилувања, клубот ги продолжи договорите со Кире Ристевски, Стефан Спировски, Христијан Грозданоски, Христијан Стојановски, Габриел Крстевски, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски, додека нов шеф на стручниот штаб е Борче Христов.

Од друга страна, клубот се раздели со Мирко Ивановски, Александар Ристевски, Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.

Со бројните промени во играчкиот кадар, Пелистер јасно покажува дека амбициите се насочени кон создавање силен и конкурентен тим, кој ќе се бори за брзо враќање во Првата македонска фудбалска лига.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!