Турнири

Убедливи победи за пласман на Перо и Тајфата, Црна Река и Интерпласт во четвртфиналето на „Конче 2026“

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни првите осминафинални натпревари на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, а со тоа се познати и првите четвртфиналисти.

Вечерва беше отворена со меч во кадетска конкуренција каде екипата на Кристофер Кишнер со 5:3 славеше над Јаков Тобако. Веднаш потоа започнаа возбудувањата кај сениорите.

Црна Река со убедливи 8:2 го „прегази“ Липовиќ за пласман во четвртфиналето, а лесни задачи имаат и екипите на Интерпласт односно Перо и Тајфата.

Екипата на Интерпласт со 7:2 го декласираше составот на Бирлик Конче, а со ист резултат Перо и Тајфата беше убедлив над Мена Транс.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на турнирот во Конче.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Брегалница се засили со искусниот голман Амир Јашар

Прволигашот Брегалница продолжува активно да го комплетира тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а ново засилување во редовите на штипските...

Трета лигаФудбал

Промени во Борец: Марјан Нацев се повлече од претседателската функција, клубот ќе добие ново раководство

Третолигашот Борец од Велес влегува во нова организациска етапа, откако досегашниот претседател и сопственик Марјан Нацев се повлече од функцијата поради здравствени причини....

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: М Младост со две победи на „Малеш Куп“, Еклектик со сигурен триумф

Вечерва беа одиграни дури пет натпревари на турнирот во мал фудбал „Малеш...

Турнири

ФОТО: Луд меч на Техногума Мела Рент и Перо и Тајфата, Џоле Транс Коп и Динамо Штип убедливи

Вечерва на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ беа одиграни четири...

Турнири

Тобако Јаков и Такси Бате ЗЦ со „петарда“, висок триумф над Слога Злеово на турнирот во Ораовица

Вечерва беше одигран само еден натпревар на турнирот во мал фудбал „Ораовица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!