Националното првенство на Македонија за сениори и сениорки, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, донесе два дена исполнети со квалитетна атлетика, одлични резултати и голема конкуренција во сите дисциплини.
Според бројот на освоени медали, најуспешен клуб на шампионатот беше АК 7ми Мај со вкупно 22 одличја – 10 златни, 8 сребрени и 4 бронзени медали. На второто место заврши АК Олимп со 17 медали (7 златни, 8 сребрени и 2 бронзени), додека трет беше АК Куманово со ист број медали – 17 (4 златни, 7 сребрени и 6 бронзени).
Највпечатлив индивидуален резултат оствари Јован Стојоски од АК Охрид, кој триумфираше на 200 метри со време од 21.51 секунди, а во дисциплината 400 метри со пречки постави нов национален рекорд со резултат 51.58 секунди.
Одличен настап имаше и Брајан Авиа од АК 7ми Мај, кој во скок во далечина оствари резултат од 7.20 метри. Иако скокот беше со недозволен ветер (+2.3 m/s) и не може да се признае како рекорд, тој беше едно од најдобрите достигнувања на првенството. Авиа освои уште две шампионски титули – во скок во височина со 1.82 метри и во трискок со 13.60 метри.
Со по две титули државни шампиони се закитија и Адријана Поп Арсова (АК Олимп) на 3000 и 5000 метри, Михаил Петров (АК Делта) на 100 и 400 метри, Григоријан Никовски (АК Олимп) на 1500 и 3000 метри, Муџахид Мислими (АК Ускана) на 3000 метри стиплчез и 5000 метри, Теа Алексовска (АК Куманово) во фрлање диск и кладиво, како и Лина Исени (АК 7ми Мај) во скок во далечина и трискок.
Посебен момент на шампионатот беше настапот на машката репрезентативна штафета на Македонија 4×400 метри, која постави нов национален рекорд со време 3:15.82. Во составот настапија Огнен Стефановски, Михаил Петров, Гилман Јунузи и Јован Стојоски, подобрувајќи го претходниот рекорд за речиси пет секунди.
Националното првенство уште еднаш покажа дека македонската атлетика располага со квалитетни натпреварувачи во различни дисциплини и претставува одлична подготовка за следните меѓународни предизвици.
Атлетска федерација на Македонија упати честитки до сите учесници за постигнатите резултати и им посака уште многу успеси, лични рекорди и нови достигнувања во идните настапи.
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...
Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...
Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...
Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...
Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во...