Втора лигаФудбал

Беласица утре ги „пали моторите“ под водство на Мартин Алаѓозовски

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Новиот шеф на стручниот штаб на Беласица, Мартин Алаѓозовски за утре (8 јули) ја закажа прозивката, со што струмичкиот второлигаш ќе ги „запали моторите“ и ќе започне со подготовки за новата сезона.

Подготовките ќе се реализираат во Струмица, а планирано е да се одиграат пет до шест пријателски натпревари за проверка на формата, а противниците за истите дополнително ќе бидат објавени.

Засега Беласица се засили само со Димитриј Димитриевски и Лука Варошановски, а во следниот период сигурно е дека ќе има уште засилувања во струмичката фудбалска гордост.

Беласица новата сезона која стартува на 15 август ќе ја отвори против Осогово на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!