Останато

Тамара Атанасовска со личен рекорд, младите атлетичари успешно ја претставија Македонија на Балканското првенство

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Младите македонски атлетичари забележаа успешен настап на Балканското првенство за младинци до 18 години, кое се одржа во Ново Место, Словенија, каде ја претставуваа Македонија во конкуренција на најдобрите таленти од регионот.

Најзабележителен резултат од македонскиот тим оствари Тамара Атанасовска, која на трката на 100 метри го подобри својот личен рекорд. Таа ја истрча дисциплината со време од 12.75 секунди и заврши на 17. место во конкуренција на 21 натпреварувачка.

На 100 метри настапи и Ева Митевска, која оствари време од 12.67 секунди и го освои 14. место од 21 учесничка.

Во трката на 400 метри, Марта Димковска го заврши настапот со време од 59.66 секунди, што беше доволно за 10. позиција од 13 натпреварувачки.

Кај машките, Димитар Корчаковски настапи на 100 метри и оствари време од 11.29 секунди, завршувајќи на 15. место во конкуренција на 18 атлетичари.

Македонската репрезентација на ова значајно натпреварување беше предводена од тренерката Божурка Ѓошевска.

Од Атлетска федерација на Македонија упатија честитки до младите репрезентативци и нивната тренерка за успешниот настап, посакувајќи им уште многу лични рекорди и нови успеси на следните меѓународни натпреварувања.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!