Ракомет

Како изгледаат табелите во Првата ракометна лига? Кои екипи обезбедуваат плеј-оф?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во Првата ракометна лига се одиграа 12 кола, а веќе ги имаме и патниците во плеј-офот, односно оние екипи кои ќе разигруваат за за влез во Суперлигата.

Најголем фаворит за враќање во Суперлигата е Еурофарм Пелистер 2 откако битолскиот тим минатата сезона во Автокоманда загуби од Радовиш, екипа која по една година се врати во ракометната елита. Битолчани доминираат и ги торпедираат противниците.

Согласно пропозициите по завршувањето на регуларниот дел ќе се формираат две групи. Плеј-офот групата која ќе брои десет екипи со екипите од прво до пет место од А и Б групата, а сите останати во плеј-аут.

Во Плеј оф и Плеј аут групите се пренесуваат резултатите и бодовите постигнати со екипите со кои веќе се играло во регуларниот дел во групата а се пласирале во иста група плеј-оф или плеј-аут групата.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА – ГРУПА А:
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Еурофарм Пелистер 2 9 9 0 0 363 182 +181 18
2 РК Металург-РА 10 8 0 2 281 128 +63 16
3 РК Мулти Есенс 10 7 1 2 363 276 +87 15
4 РК Овче Поле 9 4 2 3 242 284 -42 10
5 РК Јехона 10 3 2 5 267 334 -67 7
6 РК Кичево 2020 9 1 2 6 233 284 -51 3
7 РК Аеродром 10 1 1 8 270 348 -68 3
8 RK Астраион Хендбол 9 1 0 8 237 330 -93 2

Првите пет екипи патуваат во плеј-оф, според одиграно Еурофарм Пелистер 2, Метарлуг РА, Мулти Есенс и Овче Поле веќе се дел од тој плеј-оф, а Јехона како петта е на последната позиција која води кон плеј-офот.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА – ГРУПА Б:
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 РК Младост 1977 10 9 0 2 317 227 +90 16
2 РК Драчево 11 7 2 2 396 342 +54 16
3 РК Скопје 2020 10 8 0 2 311 280 +31 16
4 РК Македонија ЃП 11 7 1 3 348 317 +31 15
5 РК Вардар Неготино 10 6 1 3 358 334 +24 13
6 РК Шампион 11 5 0 6 301 303 -2 8
7 РК Партизан-2016 Спорт 11 3 0 8 277 330 -53 6
8 РК Текстилец УГД Штип 11 2 0 9 319 384 -65 4
9 СРК Преспа Вардар 11 0 0 11 254 364 -110 -1

Овде имаме некоја поголема израмнетост меѓу екипите кои сакаат плеј-оф, Младост од Богданци, Драчево, Скопје, Македонија ЃП и Вардар Неготино ќе патуваат во плеј-офот каде ќе се борат за првото место кое директно води кон Суперлигата, а пак второто емсто води кон баражот за можен влез во Суперлигата.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика за битката за опстанок – Работнички и Шкупи влегуваат во паузата...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во Виница славеше со 0:2 над Слога во последниот меч за есенската...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла...

Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!