Младински фудбалФудбал

Брера Струмица со извонредни резултати во младинските категории каде има и најдобри стрелци!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Брера Струмица ова есен има извонредни резултати во младинските категории, за што веќе вчера информираше Спортска Мрежа кога се во прашање резултати и успесите во Младинската Суперлига, но сега подетално за сите младински категории.

Разговаравме со координаторот на младинските категории на Брера Струмица, Борче Постолов за сите младински категории, за успесите, за резултати и целите на Брера Струмица во секоја категорија.

„Заврши есенскиот дел од младинската суперлига. Помладите пионери У-16 предводени од Панче Стојанов одиграа добра полусезона, каде што завршија на второто место на табелата. Забележавме 9 победи и два пораза и со 27 бода се пласиравме на второто место на табелата, пред екипата на ФК Македонија ЃП која има бод повеќе односно 28. Гол разликата ни е +20, каде што постигнавме 35 гола, а примивме 15. Најдобри стрелци во нашата екипа се Стефан Војчески со 8 гола, Јоаким Ѓоргие со 4 гола, Лука Георгиоски и Антонио Сталески по 4 гола, Давид Василев три гола. Пионерите У-17 предводени од тренерот Мартин Алаѓозовски заслужено се на првото место на табелата и станаа есенски шампион. Забележавме 7 победи, три нерешени и само еден пораз и со 24 бода се пласиравме на првото место на табелата. Гол разликата ни е +27, постигнати 37 гола и примени 10. Најистакнати стрелци за нашата екипа се Мартин Ѓоргиев со 11 гола, Матеј Сејменов со 8 гола, Иван Танчев со 6 гола, Албан Рочи постига четири гола. Кадетите У-18 предводени од тренерот Кире Дрвошанов со комбиниран состав одиграа добри натпревари и се пласираа на 7 то место на табелата. Забележавме 4 победи, три нерешени и 4 пораза. Гол разликата ни е +15, 29 постигнати и 14 примени. Најдобри стрелци за нашата екипа се Ристе Грендов и Иван Шириќ по 6 гола, Бобан Кузмановски со три гола, Марио Митрев има 2 гола. Младинците У-19 предводени од тренерот Ѓорге Стојчев одиграа добра полусезона и заслужено се пласираа на првото место на табелата и станаа есенски шампион. Забележавме 8 победи, две нерешени и само 1 пораз и со 26 бода се пласиравме на првото место на табелата. Гол разликата ни е +32, каде што постигнавме 38 гола, а примивме најмалку во лигата 6 гола. Најдобри стрелци во нашата екипа се Ѓоке Спасов со 10 гола, Бобан Кузмановски со 6 гола, Флориан Рочи со 5 гола, Игор Ристов има постигнато четири гола, а пак Габриел Талески три гола. На целокупната табела (бодови од сите четири генерации) сме први на табелата со 92 бода, пред екипите на ФК Работнички и ФК Шкендија со по 79 бода, ФК Пелистер 78 и ФК Вардар со 77 бода. Мора да истакнеме дека и многу деца од нашата младинска школа дебитираа и добија шанса во нашиот сениорски тим. Ѓоке Спасов, Филип Митев, Даниел Диковски, Мартин Шаренковски, Давид Ристовски, Андреј Велков (сите 2006 генерација) Игор Ристов и Каменчо Андоновски (2007 генерација) и Матео Ќесич (2008 генерација)“, вели Постолов за Спортска Мрежа.

Со правилна работа и труд резултати доаѓаат. Брера Струмица вложува многу во развојот на младинските категории, резултатите доаѓаат, младите играчи добиваат шанса и во првиот тим.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ПОМЛАДА ПИОНЕРСКА СУПЕР ЛИГА У-16:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 11 9 1 1 39 7 +32 28
2 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 11 9 0 2 35 15 +20 27
3 ФК РАБОТНИЧКИ АД 11 9 0 2 27 15 +12 27
4 ФК ШКУПИ- 1927 АД 11 8 0 3 25 9 +16 24
5 ФК ЊУ СТАРС 11 7 1 3 31 17 +14 22
6 ФК ШКЕНДИЈА АД 11 4 3 4 32 18 +14 15
7 ФК ПОБЕДА АД 11 4 1 6 16 26 -10 13
8 ФК ВАРДАР АД 11 4 0 7 20 20 0 12
9 ФК ПЕЛИСТЕР АД 11 3 2 6 17 17 0 11
10 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 11 2 2 7 10 22 -12 8
11 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 11 2 0 9 16 30 -14 6
12 ФК БЕЛАСИЦА АД 11 0 0 11 7 79 -72 0


  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ПИОНЕРСКА СУПЕР ЛИГА У-17:

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 11 7 3 1 37 10 +27 24
2 ФК ВАРДАР АД 11 7 2 2 24 8 +16 23
3 ФК ПЕЛИСТЕР АД 11 6 4 1 18 10 +8 22
4 ФК ШКЕНДИЈА АД 11 6 3 2 31 9 +22 21
5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 11 6 1 4 19 15 +4 19
6 ФК ШКУПИ- 1927 АД 11 5 1 5 17 20 -3 16
7 ФК РАБОТНИЧКИ АД 11 4 2 5 27 18 +9 14
8 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 11 2 4 5 15 18 -3 10
9 ФК ЊУ СТАРС 11 3 1 7 14 19 -5 10
10 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 11 3 1 7 8 27 -19 10
11 ФК БЕЛАСИЦА АД 11 3 0 8 18 56 -38 9
12 ФК ПОБЕДА АД 11 2 2 7 13 31 -18 8
  • ЦЕЛА ТАБЕЛА КАДЕТСКА СУПЕР ЛИГА У-18:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ШКЕНДИЈА АД 11 8 2 1 49 11 +38 26
2 ФК ПЕЛИСТЕР АД 11 8 1 2 42 14 +28 25
3 ФК ВАРДАР АД 11 8 1 2 22 6 +16 25
4 ФК ШКУПИ- 1927 АД 10 7 0 3 44 17 +27 21
5 ФК ЊУ СТАРС 11 6 3 2 34 12 +22 21
6 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 10 6 2 2 20 8 +12 20
7 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 11 4 3 4 29 14 +15 15
8 ФК РАБОТНИЧКИ АД 11 5 0 6 21 17 +4 15
9 ФК ПОБЕДА АД 11 3 0 8 13 49 -36 9
10 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 11 2 0 9 12 36 -24 6
11 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 11 2 0 9 16 47 -31 6
12 ФК БЕЛАСИЦА АД 11 0 0 11 4 75 -71 0
  • ЦЕЛА ТАБЕЛА МЛАДИНСКА СУПЕР ЛИГА У-19:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 11 8 2 1 38 6 +32 26
2 ФК РАБОТНИЧКИ АД 11 7 2 2 23 7 +16 23
3 ФК ПЕЛИСТЕР АД 11 5 5 1 21 13 +8 20
4 ФК ШКЕНДИЈА АД 11 5 2 4 32 21 +11 17
5 ФК ВАРДАР АД 11 5 2 4 17 10 +7 17
6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 11 5 2 4 19 18 +1 17
7 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 10 5 0 5 16 16 0 15
8 ФК ШКУПИ- 1927 АД 10 3 5 2 18 14 +4 14
9 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 11 4 2 5 28 26 +2 14
10 ФК ЊУ СТАРС 11 3 2 6 15 20 -5 11
11 ФК БЕЛАСИЦА АД 11 2 2 7 8 25 -17 8
12 ФК ПОБЕДА АД 11 0 0 11 7 66 -59 0


Во продолжение целокупната табела од вкупниот збир на бодови од сите младински категории.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди мечот меѓу Силекс и Брера, Доне Ристовски на Тиквеш и Шкендија

Утре со два мечеви се отвара 28. коло во Првата македонска фудбалска...

Фудбал

Масар Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и претседателот Чеферин е силен поттик за реформите и развојот на македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

Фудбал

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин пристигна во Скопје – голема поддршка за македонскиот фудбал

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!