Турнири

Украс Инг вечерва со две победи ја одбележа вечерта на турнирот „Конче 2026“

Сподели
Сподели

Продолжуваат возбудувањата на традиционалниот турнир во мал фудбал „Конче 2026“, каде вечерва љубителите на фудбалот уживаа во нови интересни натпревари и атрактивни голови.

Во сениорската конкуренција, екипата на Фурна Марфи со 3:1 беше подобра од Злеово, но потоа претрпе убедлив пораз од Украс Инг, кој славеше со 12:5 во натпревар богат со голови. Во последниот меч од вечерта, Украс Инг ја потврди одличната форма и ја забележа втората победа, совладувајќи го Злеово со 7:4.

Претходно се одигра меч во кадетска конкуренција каде Резиденција Милеви со 5:0 го доби тимот на Кристофер Киснер.

Турнирот продолжува и утре со четири нови натпревари. Програмата започнува во 20:00 часот со дуелот меѓу Фреитх Оне и Ефеџан Мемо, по што следува пресметката на Фреитх Оне против Црна Река. Во вечерниот дел од програмата, Злеово ќе се соочи со Млади Таленти, а последниот натпревар е закажан меѓу Злеово и Интерпласт.

И годинава Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ и ќе продолжи навремено да ги информира читателите за сите резултати, табели и случувања од овој традиционален спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет, со одржувањето на спортската манифестација „Денови на женскиот ракомет“, посветена на...

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!