ФудбалЧетврта лига

ФК Јени Маале од Битола ќе одигра пријателски меч во Италија – клубот испишува нова историја!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Јени Маале кој е вистински хит во мак-фудбалот најавува пријателски натпревар кој ќе го одигра во Милано, против италијанскиот клуб Брера, што ќе биде вистински голем исчекор за битолскиот клуб.

Овој пријателски натпревар кој ќе биде најголем успех меѓународен за клубот ќе се реализира со поддршка од македонската фудбалска легенда Горан Пандев.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Јени Маале имаше историско учество во Купот на Македонија, откако на стадионот „Петар Милошевски“ во првото коло се соочи со прволигашот Шкендија од Тетово. Иако овој меч заврши со 0:5 за искусниот тим од Тетово, Јени Маале докажа дека еден клуб кој се натпреварува во ОФЛ Битола може да биде организиран на ниво како прволигаш.

Клубот има одлична стратегија, план за работа и внатрешна организација на која може да позавидуваат и прволигашите. Максимално активни на социјалните мрежи со квалитетна графика за најава на натпреварите, објавување на составите пред натпреварите, графика за табела – ПР активности какви немаат многу екипи кои се натпреваруваат во повисок ранг на натпреварување.

Уште еден голм историски чекор за Јени Маале, клуб кој е пример како треба да функционираат и прволигашите. Дефинитино сезона за историски успеси на Јени Маале – историско учество во Купот на Македонија и историски меѓународен натпревар во Италија.


ФК Јени Маале со својата традицијална забава ја заокружи есенската полусезона, а традиционален говор секогаш има капитенот Никола Пискачев кој секогаш прави оригинална ретроспектива.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!