Турнири

Пеналите решија два меча на „Црнилиште Куп“, BHS Grup и Balltin Klepall убедливи

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“, а два натпревари беа решени прек пеналите.

Четири екипи ги спакуваа куферите, а четири обезбедија виза за следната фаза.

BHS Grup со убедливи 7:2 го декласираше тимот на Кафе Бар Слобода и обезбеди следна фаза, а слично беше и на соочување меѓу Balltin Klepall и Free Palestine откако Balltin Klepall со 4:0 славеше за пласман во следната фаза.

Следните два натпревари од вечерашната рунда мораа да се решаваат со удари од белата точка.

Zo-Ell и Six Seven во регуларниот дел одиграа 3:3, а во пенал серијата екипата на Zo-Ell беше подобра со 2:1.

Во четвртиот меч предвиден на програмата Фасада Чајник и BVB Presill одигра 1:1 во регуларниот дел, а во пенал серијата Фасада Чајник беше подобра со 4:3.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!