Трета лигаФудбал

Свети Николе останува во источниот регион на Трета лига – Исток

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Со новите измени во Третата македонска фудбалска лига беше воведен шести регион, на веќе постоечките пет се дополнува нов регион, а тоа значеше и кроење на нови граници.

Според првичните информации Свети Николе требаше да биде префрлен од Источниот во Северниот регион, но сепак, со официјалната одлука од страна на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Свети Николе останува во Источниот регион.

Тоа значи дека ФК Овче Поле ќе се натпреварува во Трета лига – Исток како и во минатите сезони.

Регион 1: Ги опфаќа општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Сопиште, Студеничани и Сарај.

Регион 2: Ги опфаќа општините: Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово.

Регион 3: Ги опфаќа општините: Кочани, Македонска Каменица, Свети Николе, Лозово, Делчево, Пехчево, Берово, Ново Село, Босилово, Василево, Конче, Струмица, Радовиш, Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево, Зрновци, Виница, Валандово, Гевгелија, Дојран, Богданци и Пробиштип.



Регион 4: Ги опфаќа општините: Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Долнени, Чашка, Росоман, Крушево и Кривогаштани.

Регион 5: Ги опфаќа општините: Битола, Ресен, Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Пласница, Македонски Брод, Могила, Демир Хисар и Новаци.

Регион 6: Ги опфаќа општините: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше, Дебар и Центар Жупа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“, кој ќе го има своето четврто издание, со богата спортска програма...

Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а во истата ќе се натпреваруваат 14 екипи. Познати се сите екипи,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а...

Втора лигаФудбал

Одложен натпреварот меѓу Работнички и Брера во Втора лига

Натпреварот од 5. коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Работнички и...

Втора лигаФудбал

Работнички се засили со Мердиан Рамадани

Второлигашот Работнички донесе засилување со цел да го подигне квалитетот во сопствените...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Реми во Тетово: Љуботен и Тиверија Брера ги поделија бодовите

Без победник заврши натпреварот во Тетово со кој се комплетираше 4. коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!