Турнири

Велешта Јунајтед го потврди учеството на Охрид Куп

Сподели
Сподели

Фудбалскиот турнир Охрид Куп на првото издание ќе биде побогат со учество на Велешта Јунајтед, клуб кој максимално посветено работи во развојот на своите фудбалски таленти со повеќе генерации.

Велешта важи за место од каде произлегле многу фудбалери кои дале многу за македонскиот фудбал, а ФК Велешта Јунајтед е клуб кои секогаш работи во препознавање фудбалски таленти и создавање во вистински фудбалери.

„Со одлична работа, систематизација, план и цели успехот е загарантиран, а Велешта Јунајтед носи силна конкуренција и сака нов успех како и на секој друг домашен и меѓународен турнир. Нашите пријатели од Велешта Јунајтед ги чекаме на 18 јуни во Охрид“, велат организаторите на Охрид Куп.

Пријавувањето за учество на Охрид Куп е отворено до понеделник (15 часот), а може да учествувате со генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и генерација 2019.

Секое дете добива медал и маичка, а тренерот добива тренерки, додека пак екипата добива медиумска поддршка на Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!