Турнири

ФК Кичево го потврди учеството на Охрид Куп 2026

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Кичево го потврди учеството на првото издание на Охрид Куп 2026,

ФК Кичево е клуб кој функционира како една фамилија, клуб посветен во развојот на младите фудбалски таленти со мото Биди дел од фамилијата ФК Кичево за твоите соништа да станат реалност“.

Клуб кој е производ на многу таленти, кои заиграле за клубови ширум државата, со напорна работа и посветеност, секој талент од ФК Кичево се става на радарот.

Клубот се натпреварува во Детската лига, учествува на меѓународни турнири, социјализацијата и тимските активности се секогаш во прв план. Индивидуален развој на играчите, дисциплина, тимска работа и спортски дух.

„ФК Кичево на првото издание на Охрид Куп доаѓа со силни генерации и ја зголемува конкуренцијата, а ние сме среќни што нашите пријатели од ФК Кичево ќе бидат учесници на нашиот турнир“, велат организаторите.

Охрид Куп 2026 ќе се одржи во период од 18 до 21 јуни, турнирот е наменет за генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 година.

Секое дете добива медал и маичка, а секој тренер добива тренерки, додека пак секоја екипа учесник на Охрид Куп ќе има бесплатна медиумска поддршка во текот на цела 2026 година.

Пријавувањето на екипи е отворено до петок (12 јуни) кога организаторите ќе ги затворат пријавите за учество на првото издание на Охрид Куп 2026.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!