Прва лигаФудбал

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново домашните натпревари ќе ги игра на стадионот во Чаир

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново преку официјално соопштение потврди дека во новата сезона како прволигаш домашните натпревари ќе ги игра на стадионот во Чаир.

Клубот од Арачиново информираше дека постигнале договор со раководството на ФК Шкупи за домашните натпревар од новата сезона да ги игра на стадионот во Чаир.

„Со задоволство ве известуваме дека ФК Шкендија Арачиново постигна официјален договор со раководството на ФК Шкупи сите домашни натпревари во новата сезона да ги игра на стадионот во Чаир. По тој повод, искрено му се заблагодаруваме на раководството на ФК Шкупи за коректноста и гостопримството, како и на градоначалникот на Општина Чаир, г. Изет Меџити, за поддршката дадена во реализацијата на оваа соработка. На крајот, на нашиот братски клуб ФК Шкупи од срце му посакуваме многу успеси и што побрзо враќање во елитата на нашиот фудбал – таму каде што му е местото и каде што припаѓа неговата историја. Ве очекуваме на трибините во Чаир за заедно да ја започнеме оваа нова сезона“, велат од новиот прволигаш.

Од клубот истакнуваат дека ја очекуваат поддршката од навивачите на трибините на стадионот во Чаир.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, соопштија официјално од клубот. Кузмановски доаѓа на местото на Бојан...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска...

Младински фудбалФудбал

Благој Гегов од Детонит Плачковица успешно го помина првиот модул за UEFA C лиценца!

Фудбалската школа на Детонит Плачковица од Радовиш продолжува да вложува во унапредување...

Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!