Турнири

(ВИДЕО) Стоби Куп 2026 успешно заврши: Младите фудбалски надежи блеснаа на премиерното издание во Градско

Сподели
Сподели



Со многу возбудувања, голови, талентирани фудбалери и одлична атмосфера, успешно заврши првото издание на фудбалскиот турнир „Стоби Куп 2026“, кој се одржа во Општина Градско и собра голем број млади фудбалски надежи од повеќе клубови од Македонија.

Во текот на турнирот, младите фудбалери имаа можност да ги покажат своите квалитети, а љубителите на фудбалот да уживаат во голем број интересни и неизвесни натпревари. Организаторите успешно го реализираа првото издание на турнирот, кој уште од самиот старт покажа дека има потенцијал да прерасне во значаен младински спортски настан.

Кај генерацијата 2013, шампионскиот пехар заврши во рацете на ГФК Тиквеш, кој во финалниот поредок заврши пред ФК Фортуна, ФК Борец Јуниор и ГФК Неготино. Марков Трајче беше најдобар стрелец, Тарик Мамути го понесе признанието за најдобар играч, додека Филип Костовски беше прогласен за најдобар голман.

ГФК Тиквеш доминираше и кај генерацијата 2014, каде ја освои втората титула на турнирот. Зад кавадаречкиот состав се пласираа ГФК Неготино, ФК Форца и ФК Борец Јуниор. Илија Камчев беше најдобар стрелец, Марко Бојков најдобар играч, а Никола Симев најдобар голман.

Успешниот настап на Тиквеш продолжи и во генерацијата 2015, каде кавадаречкиот тим ја комплетираше вистинската „трипл круна“ освојувајќи и трета титула. ГФК Неготино заврши втор, ФК Форца трет, а ФК Борец Јуниор четврт. За најдобар стрелец беше избран Марко Копевски, додека Душко Силев и Алексеј Димов ги понесоа признанијата за најдобар играч и најдобар голман.

Во генерацијата 2016 дојде до промена на тронот. ГФК Неготино стигна до шампионската титула пред ГФК Тиквеш, ФК Борец Јуниор и ФК Форца. Хасан Усеинов беше најдобар стрелец, Влатко Темелковски најдобар играч, а Вук Стоиловиќ најдобар голман.



Неготино го повтори успехот и кај генерацијата 2018, каде повторно го освои првото место пред ГФК Тиквеш, ГФК Градско и ФК Росоман. Александар Ристевски беше најдобар стрелец, Дарко Милков најдобар играч, а Војдан Цветков најдобар голман на турнирот.

Едно од најпријатните изненадувања беше генерацијата 2017, каде шампионската титула ја освои ГФК Градско. Домаќините се искачија на највисокото место на пиедесталот пред ФК Фортуна, ГФК Тиквеш и ГФК Неготино. Андреј Митрев беше најдобар стрелец, Димитар Малинков најдобар играч, а Хадиќ Мамути најдобар голман.

Првото издание на Стоби Куп покажа дека младинскиот фудбал има светла иднина, а организацијата, квалитетот на натпреварите и големиот број учесници беа доказ дека Градско доби спортски настан кој може да стане традиционален и препознатлив во македонскиот фудбал.

Спортска Мрежа со гордост беше медиумски покровител на овој спортски настан и во изминатите денови ги следеше случувањата од турнирот, пренесувајќи ги резултатите, атмосферата и успесите на младите фудбалски надежи кои беа главните ѕвезди на Стоби Куп 2026.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!