Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Холандија во првиот меч од Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Најдобрите македонски одбојкари со пораз го отворија настапот во Европската лига 2026, откако во салата „Парк“ во Струмица загубија од Холандија со 0:3 (19:25, 21:25, 22:25). Гостите важеа за фаворити пред почетокот на натпреварот и ја оправдаа таа улога, иако избраниците на селекторот Јошко Миленкоски пружија силен отпор и во поголем дел од мечот беа рамноправен противник.

Македонија сигурно го отвори натпреварот и долго време играше поен за поен со Холанѓаните. Покрај искусните Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев, добра партија прикажаа и средните блокери Филип Маџунков и Филип Савовски, либерото Ричлиев, како и Лука Костиќ, Стојан Илиев и Филип Јованов, кои донесоа дополнителна енергија во составот.

Првиот сет беше израмнет до резултатот 8:8, но серијата на Холандија од 0:3 им овозможи да создадат предност. Дополнителни проблеми за македонската селекција претставуваше играта на противничките средни блокери, па гостите стигнаа и до највисоки пет поени предност (12:17). По тајм-аутот на Миленкоски, Македонија заигра подобро, се доближи на 17:20, но немаше сили за целосен пресврт и сетот го загуби со 19:25.

Во вториот и третиот сет домашните одбојкари покажаа уште поголема борбеност. Македонија постојано беше во резултатска негатива, но успеваше да се враќа и да остане во игра. Селекторот Миленкоски ротираше повеќе играчи на примачката позиција, давајќи им шанса на сите расположливи одбојкари.

И покрај големата желба и борбеност, Македонија не успеа да стигне до сет против квалитетниот противник. Холандија ги доби и преостанатите два сета со 25:21 и 25:22 и стигна до максимална победа.

Капитенот Никола Ѓоргиев беше најефикасен во македонскиот состав со 11 освоени поени. Стојан Илиев додаде осум, Лука Костиќ и Филип Савовски реализираа по шест, додека Филип Маџунков натпреварот го заврши со пет поени.

Македонија веќе в недела ќе има нова можност за прва победа во Европската лига, кога во салата „Парк“ во Струмица ќе се соочи со Луксембург. Натпреварот започнува во 19 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!