Турнири

Кораби од Дебар го потврди учеството на Охрид Куп

Сподели
Сподели

Организаторите на Охрид Куп претставија уште една екипа која го потврдува своето учество на првото издание од овој турнир. Екипата на Кораби од Дебар доаѓа во градот покрај Охридското Езеро, на турнирот кој носи мото „Секое дете е победник“.

Кораби е клуб кој е посветен во развојот на младите фудбалски таленти, формиран во далечната 1921 година. Клубот располага со млади фудбалери, каде се работи за многу љубов и внимание. Секој нивен тренинг и натпревар е полн со енергија, страст и тимски дух. На секој меч покажуваат цврстина, координација и љубов кон фудбалот, гордо претставувајќи го клубот и градот.

Кораби редовно учествува на домашни и меѓународни турнири каде редовно бележи големи резултати, а по голем резултат доаѓа и на Охрид Куп.

„Нашите другарчиња од Дебар на 18 јуни доаѓаат во Охрид, Кораби ве чекаме на фудбал, забава и другарство“, порачаа организаторите.
Инаку, првото издание на Охрид Куп ќе се одржи во период од 18 до 21 јуни 2026 година, а остануваат уште неколку денови за пријавувања. На турнирот може да се пријават екипи од генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и генерација 2019.
Секое дете добива медал и маичка, а за тренерот се обезбедени тренери, додека пак целата екипа добива медиумска поддршка на Спортска Мрежа во текот на целата година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!