Турнири

Златара Бени и Ерол го „распукаа“ Никем, Екстра Скопско славеше тесна победа на „Враништа 2026“

Сподели
Сподели



Вечерва на програмата беа два од три натпревари – првиот меч не се одигра бидејќи екипата на Агро Рес од Ресен е дисквалификувана, па така Никем добива службена победа (1:0) и службени три бодови.

Во вториот меч токму Никем доживеа катастрофален пораз од екипата на Златара Бени и Ерол, губејќи со резултат од 2:9.

Во третиот меч беа постигнати пет погодоци, а екипата на Екстра Скопско славеше тесна победа од 3:2 над тимот на Аце Најдески.

Утре на програмата ќе бидат три натпревари кои ќе донесат возбудлива атмосферата и многу публика.

  • 20:00 Кафе бар 9 – Термити Битола
  • 21:00 Сатеска – Чардак Велгошти
  • 22:00 Инекс Олгица – Екстра Скопско

Спортска Мрежа веќе една деценија е медиумски покровител на овој спортски настан.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!