Турнири

Една службена победа, АСП Пак со “петарда”, тесна победа за Кафе бар 9

Сподели
Сподели

Продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал “Враништа 2026” со нови натпревари.

По нокаут фазата беа формирани четири групи со по три екипи. Првите две од секоја екипа ќе продолжат во четвртфиналето.

Инаку, вечерва екипата на Златара Бени и Ерол службено со 1:0 го доби мечот со Агро-рес Ресен, откако организаторот информираше дека екипата од Ресен е исклучена од понатамошно натпреварување.

“Поради недолично однесување и непочитување на правилата на турнирот, екипата „Агро-рес Ресен“ е дисквалификувана од понатамошно учество на Турнирот во Враништа. Одборот на турнирот нема да толерира нарушување на редот, фер-плејот и спортската култура. Апелираме до сите учесници да ги почитуваат правилата и одлуките на турнирот. Ви благодариме на разбирањето”, велат организаторите.

На вториот меч Охридски бисер Филеви загуби со 4:5 од екипата на Кафе бар 9.

Во рамки на третиот мел екипата на АСП-ПАК со убедливи 5:1 го декласираше тимот на Сатеска.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на “Враништа 2026”.

  • Утре на програмата ќе бидат три натпревари:

20:00 АСП-ПАК – Чардак Велгошти

21:00 Инекс Олгица – Аце Најдески

22:00 Охридски бисер Филеви – Термити Битола

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен за „плус четири“, Скопје за врвот: по киксот на Тиверија, дербито доби дополнителна тежина

Поразот на Тиверија Брера од Каменица Саса отвори можност водечките екипи дополнително да се оддалечат од струмичанки. Христина Јовановска го реши неделниот дуел...

Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП — Осогово врза два натпревара без пораз и освои четири бода, резултати...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!