РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Манев: Чест е повторно да се биде дел од репрезентацијата, одиме на победи против БиХ и Турција

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По пауза поради повреда, Јован Манев повторно е дел од македонската репрезентација, која ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево и Турција во Истанбул.

Дефанзивецот на ФК Нови Пазар истакна дека е среќен што повторно е во националниот тим и нагласи дека секогаш е чест да се носи дресот на Македонија.

„Нè очекуваат натпревари против квалитетни репрезентации како Босна и Херцеговина и Турција. Подготвени сме да го дадеме максимумот, без разлика дали станува збор за пријателски натпревар или натпревар за бодови. Такви поделби не постојат кога се игра за репрезентацијата, затоа што секој натпревар е исклучително важен“, изјави Манев.

Македонскиот репрезентативец потенцираше дека квалитетот на противниците е дополнителен мотив за добар настап.

„Уверен сум дека сите ќе го дадеме максимумот на овие два натпревари и се надевам на победи. Самото тоа што БиХ и Турција се квалификуваа на Светско првенство покажува дека станува збор за репрезентации со голем квалитет, но тоа нема да значи ништо ако ние бидеме на вистинското ниво и го дадеме максимумот на теренот. Им честитаме за пласманот на Светското првенство, но ние одиме таму да дадеме сто проценти и да победиме“, рече Манев.

Во пресрет на натпреварите, Манев нагласи дека најважно ќе биде фудбалерите да ги исполнат задачите кои ќе бидат дадени од страна на селекторот.

„Селекторот ќе го има главниот збор, а наше е да ги испочитуваме неговите барања, да ги реализираме задачите што ќе ни ги постави и да дадеме сè од себе за да оствариме победа“, додаде македонскиот дефанзивец.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија веќе победи, притисокот е врз ривалите: реми во дербито најмногу би им одговарало на тетовци

Анализа пред денешното комплетирање на 12. коло во ПМФЛ Шкендија ја заврши својата задача во Штип, а денеска може дополнително да профитира од...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен за „плус четири“, Скопје за врвот: по киксот на Тиверија, дербито доби дополнителна тежина

Поразот на Тиверија Брера од Каменица Саса отвори можност водечките екипи дополнително да се оддалечат од струмичанки. Христина Јовановска го реши неделниот дуел...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Историски успех за македонското ски-планинарство: ФПСМ стана полноправна членка на светската федерација ISMF!

Македонското ски-планинарство испишува нова страница во својата историја! Федерацијата за планинарство на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската женска фудбалска репрезентација од 17 години го освоија второто место го групата

Репрезентацијата до 17 години во женска конкуренција во последниот натпревар на квалификацискиот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започнува продажбата на билети за Македонија – Словенија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!