Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе голем словенечки талент: Малик Татар потпиша двегодишен договор!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели



Еурофарм Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во битолскиот тим е перспективниот словенечки ракометар Малик Татар.

Станува збор за 20-годишен лев бек, кој со своите квалитети веќе го привлече вниманието на повеќе европски клубови, а битолчани успеаја да го обезбедат неговиот потпис. Татар важи за еден од најталентираните млади словенечки ракометари и играч со сериозна проекција за голема кариера.

Новиот ракометар на „зелено-белите“ е роден во Целје, а својата афирмација ја стекна во редовите на Горење Велење. Зад себе има настапи и за сите младински селекции на словенечката репрезентација, што дополнително говори за неговиот потенцијал и квалитет.

Татар потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и официјално ќе биде претставен на стартот од подготовките за сезоната 2025/26.



Со овој трансфер, младиот Словенец стана петто засилување за тимот предводен од Лино Червар, по ангажманите на Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.

Битолчани очигледно сериозно го подготвуваат ростерот за новите домашни и европски предизвици, а доаѓањето на Малик Татар претставува инвестиција и за сегашноста и за иднината на клубот.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид прв, но Работнички има натпревар помалку: Трката за есенски шампион во ВМФЛ е неизвесна

Охрид го задржа првото место, Пелистер остана веднаш зад него, а Работнички спречи водечкиот тандем дополнително да се оддалечи. По десеттото коло во...

ИнтернационалциФудбал

Димитриевски ја сочува победата во Елче — пред Валенсија сега е тежок меч со Реал Мадрид

Столе Димитриевски со интервенција во судиското продолжение помогна Валенсија да освои значајни три бода на гостувањето кај Елче. Македонскиот репрезентативен голман остана несовладан...

Поврзани написи
Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!