Прва лигаФудбал

Александар Ставрев, најдобриот македонски судија, ја заврши кариерата, кариерата ја заврши и Костадинов

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Најдобриот македонски фудбалски судија, Александар Ставрев, денес ја заврши својата богата судиска кариера.

Денешниот натпревар меѓу Пелистер и Беса, кој се одигра во Битола, беше неговиот последен натпревар како главен судија во Првата македонска фудбалска лига.

Ставрев има голема кариера зад себе, постојано судеше натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, но бројни други европски натпревари.

47-годишниот Ставрев е голем пример за професионалец како меѓународен судија. Денес покрај Ставрев, во судиска пензија заминува и Дејан Костадинов, за кого исто така денешниот меч му беше последен.

Пред почетокот на натпреварот во Битола, претседателот на ФК Пелистер, Митко Стојковски, изрази благодарност и им подари пригодни подароци на Ставрев и Костадинов за нивниот долгогодишен и значаен придонес за македонскиот фудбал.

Натпреварот меѓу Пелистер и Беса заврши со триумф на битолчани од минимални 1:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!