Втора лигаФудбал

Настевски: Одигравме одличен натпревар на лош терен, заслужено ја победивме добрата екипа на Башкими!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Детонит Плачковица запиша триумф над Башкими со резултат од 3:1 на Градскиот стадион во Радовиш кој беше целиот под вода, каде условите за игра беа лоши.

Капитенот на радовишани, Иван Настевски во изјава за Спортска Мрежа вели дека одиграле одличен натпревар на лош терен, додава дека заслужено ја победиле екипата на Башкими.

„Одличен натпревар одигравме на лошиот терен, покажавме огромен карактер, да се вратиш брзо и да направиш пресврт на таков терен воопшто не е мала работа, заслужено ја победивме добрата екипа на Башкими. Се гордеам со овие момци и навистина уживам на секој натпревар со нив. Воедно му посакувам на Бурхан Алији брзо заздравување и враќање на теренот“, рече Настевски во изјава за Спортска Мрежа.

Детонит Плачковица е на петтото место со 24 бодови, колку што има и Каменица Саса, а во следното коло кое е последно ќе гостува во Прилеп кај Победа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!