Женската фудбалска репрезентација на Македонија предводена од селекторот Александар Андов запиша победа на првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора од 3:2 во Скопје.
Македонија преку Симона Меијер уште во 5. минута доје до водство од 1:0, а Црна Гора израмни преку Карличиќ. До крајот на првиот дел Македонија постинга уште два гола, откако Гентијана Рочи во 19. минута постигна гол за 2:1, а пак Улза Максути во 41. минута постигна гол за 3:1 на полувреме.

Во вториот дел репрезентацијата на Црна Гора постигна уште еден погодок, со кој ги постави конечните 3:2.
Следениот тест двете репрезентации ќе го одиграат на 3. декември, исто така во Скопје.

Пред самиот натпревар министерот за спорт Борко Ристовски имаше средба со репрезентативките на Македонија и селекторот Александар Андов.