Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица го доби Башкими, Саса пресилна, „лавовите“ и „сините“ според планот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

На Градскиот стадион во Радовиш во рамки на 14. коло од Втората македонска фудбалска лига се соочија Детонит Плачковица и Башкими, во дерби меч каде теренот беше во целост под вода и немаше реални услови за фудбалска игра, а истиот го доби домаќинот со 3:1.

Христијан Митревски постигна гол за водство на Башкими од 0:1, а потоа следуваше брз пресврт на Детонит Плачковица, преку Албан Таипи и Иван Настевски. Во вториот дел се обидуваа и двете екипи да дојде до погодок, но големата количина на вода на самиот терен беше пречка за било што фудбалско да се спроведе, а во финишот на мечот домаќинот доби пенал кој успешно го реализираше Стефан Бабунски за конечни 3:1.

На „Цвај арената“ Вардар Неготино со пресилни 6:1 го „здроби“ Вардарски, со што „фенерџијата“останува закован на дното од табелата и пополека веќе ги пакува куферите за враќање во Трета лига – Исток.

Кирил Неделков запиша хет-трик за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Шишкков, Крстев и Ќазимов, додека пак за гостинот единствен стрелец беше Спасовски.

На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се соочија Осогово и Каменица Саса, во дерби на овие две екипи кое има долга традиција, каде „рударите“ со 1:3 лесно се справија со „жетварите“ кои ќе имаат тешка борба за опстанок. Ајрули и Мичковски погодија за 0:2 на полувреме, а во вториот дел Симевски зголеми на 0:3. Во финишот Таневски си постигна автогол за конечни 1:3.

На „Железарница“ во Автокоманда се соочија Скопје и Новаци во дуел од средишниот дел на табелата каде, домаќинот беше подобар со 2:0. Шуку и Наумовски беа стрелци на погодоци во Автокоманда.

Во Гевгелија екипата на Кожуф ја пречека прилепска Победа, против која триумфираше со минимални 1:0 и со тоа се врати на победите. Благој Стојанов го реши натпреварот во Гевгелија во полза на домаќинот.

Брегалница на Градскиот стадион во Штип се соочи со Охрид каде „сините“ со погодоците на Томовски и Стојков беа подобри со 2:0 и продолжуваат победничките кон Прва лига.

Борец на домашен терен забележа уште еден пораз, откако загуби од Беласица со минимални 0:1, а стрелец за струмичани беше Капсаров.

Лидерот Македонија ЃП се соочи со четвртопласираниот Арсими каде голот на Кире Маркоски за победа од минимални 1:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!