Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

Сподели
Сподели

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите на Јанг Тим од Струга и Овче Поле од Свети Николе.

Организаторите на Охрид Куп продолжуваат со претставување на екипите кои ќе учествуваат на првото издание на овој турнир кој е застапен под мотото „Секое дете е победни“, со тоа што секое дете ќе добие медал и маичка, а пак за тренерите се обезбедени тренерки.

Јанг Тим е академија која располага со голем број на фудбалски таленти, редовно учествува на силни меѓународни турнири низ Европа.

Јанг Тим има одлична соработка со големи фудбалски гиганти како Барселона, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Јувентус, Порто, Рапид Виена, италијанска Аталанта, Валенсија, Базел, Милан и други европски гиганти, што претставува одлична можност за младите фудбалски таленти да одат на мегдан со големи фудбалски имиња. Стружани со големо искуство доаѓаат на Охрид Куп.

На турнирот пристигна и Овче Поле од Свети Николе. Клубот создаден во далечната 1925 година, минатата година прослави 100 години постоење, клуб богат со фудбалска историја, клуб кој создал многу познати фудбалери и дал многу за македонскиот фудбал. Клубот од Свети Николе е посветен на своите млади таленти, а фудбалската школа е вистински расадник на млади таленти.

Овче Поле доаѓа на Охрид Куп со своите фудбалски херои на дерби натпревари, дружба и забава.

Спортска Мрежа е официјален медиумски покровител на Охрид Куп, секоја екипа која ќе учествува на турнирот ќе има медиумска поддршка во текот на цела 2026 година, а дополнително на самиот турнир ќе има media corner, каде ќе бидат предвидени изјави и интервјуа со тренерите и фудбалерите.

Спортска Мрежа ќе ви ја донесе атмосферата од турнирите преку најдобри моменти, погодоци и шанси.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!