Ракомет

Градоначалникот Кирил Пецаков се сретна со претседателот на Веспрем и го покани унгарскиот гигант на турнирот во Охрид

Сподели
Сподели

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за време на својата посета на Веспрем оствари средба со претседателот на европскиот ракометен великан РК Веспрем, Чаба Барта.

На средбата се разговарало за развојот на охридскиот клуб, настапите на ГРК Охрид во европските натпреварувања, како и за резултатите во домашното првенство и Купот на Македонија. Од унгарскиот гигант биле упатени честитки за досегашниот напредок на охридскиот состав, што претставува значајно признание за македонскиот клуб.

Покрај актуелните спортски теми, двајцата соговорници дискутирале и за идни стратегии за развој на клубовите, како и за насоките во кои се движи европскиот ракомет.

Во рамки на средбата, Пецаков упатил и официјална покана до Веспрем за учество на традиционалниот ракометен турнир во Охрид, со надеж дека во иднина турнирот ќе биде збогатен со уште едно звучно европско име.

„Во рамки на мојата посета на Веспрем, имав чест да се сретнам со г-дин Чаба Барта, претседателот на европскиот ракометен гигант РК Веспрем. Фокусот на нашиот разговор беше насочен кон патот на ГРК Охрид и нашите досегашни успеси во Европскиот куп и домашната лига и куп, за кои добивме искрени честитки. Големо признание е кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава нашите напори и напредок. Дополнително дискутиравме за стратегии за развој на клубовите и иднината на европскиот ракомет. Упатив официјална покана до РК Веспрем да бидат дел од нашиот традиционален ракометен турнир во Охрид и верувам дека од следната година нашиот турнир ќе биде побогат за уште едно големо име во светот на спортот. Продолжуваме да го етаблираме Охрид како значаен спортски центар на мапата на Европа“, рече градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!