Познати се групите за сите генерации на „Интернационалниот Мастерс Куп“, кој од 22 до 24 мај ќе се одржува во Валандово, Дојран и Гевгелија.
Во секоја генерација се очекува силна конкуренција, а патот до големото финале нема да биде лесен за ниту една екипа.
Во генерацијата 2014 формирани се четири групи. Три групи ќе бидат составени од по четири екипи, додека во групата Д ќе се натпреваруваат пет екипи.

Во генерацијата 2015, исто така, се очекува голема борба за пласман понатаму. Формирани се четири групи, а во секоја од нив ќе има по пет екипи.

Кај генерацијата 2016 ќе има четири групи со по четири екипи, а ист формат ќе биде применет и во генерацијата 2017, каде исто така се формирани четири групи со по четири тима.


Во генерацијата 2018 ќе има две групи со по пет екипи, каде се очекуваат интересни и неизвесни натпревари во битката за пласман во завршницата на турнирот.

„Интернационалниот Мастерс Куп“ и оваа година ќе донесе многу фудбалски возбудувања, талентирани млади фудбалери и натпревари исполнети со голема борбеност и спортски дух.
Натпреварите во живо ќе можете да ги следите на YouTube каналот Спортска Мрежа Podcast, покрај натпреварите во живо, ќе има интервјуа и изјави од тренери и фудбалери.
Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...
По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...
Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...
Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...
Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...
Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...