Втора лигаФудбал

Ралевски главен во Радовиш, Ќерими патува во Неготино, Ристов ќе им суди на Македонија ЃП и Арисими

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе биде одиграно претпоследното есенско коло во Втората македонска фудбалска лига односно 14. коло, веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на сите натпревари кои ќе стартуваат во 13 часот.

Бењамин Ќерими ќе им суди на Вардар Неготино и Вардарски, Ндерим Тефику на Осогово и Каменица Саса, Фуркан Идризи ќе ја дели правдата на мечот меѓу Скопје и Новаци.

Марјан Стојановски ќе патува во Гевгелија каде ќе им суди на Кожуф и Победа, Благојче Ралевски ќе биде главен во Радовиш каде ќе играат Детонит Плачовица и Башкими, Александар Урошевиќ ќе им суди на Брегалница и Охрид. Христијан Божиновски на Борец и Беласица, Сашко Ристов на Македонија ЃП и Арсими.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 14. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Вардар Неготино – Вардарски, Бењамин Ќерими (Скопје)
Осогово – Каменица Саса, Ндерим Тефику (Куманово)
Скопје – Новаци, Фуркан Идризи (Тетово)
Кожуф – Победа, Марјан Стојановски (Кичево)
Детонит Плачковица – Башкими, Благојче Ралевски (Битола)
Брегалница – Охрид, Александар Урошевиќ (Тетово)
Борец – Беласица, Христијан Божиновски (Скопје)
Македонија ЃП – Арсими, Сашко Ристов (Струмица)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!