ФудбалФудбалска репрезентација

Масар Омерагиќ официјално доби кандидатура за претседател на ФФМ од ОФС Свети Николе!

Сподели
Сподели

Масар Омерагиќ како кандидат на ОФС Свети Николе и официјално е предложен за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно собрание кое треба да се одржи на 22. декември, како што веќе информираше Спортска Мрежа.

Денес на Вонредното годишно собрание на ОФС Свети Николе, со едногласна одлука на сите делегати односно 16 гласа ЗА, Масар Омерагиќ е предлог за Претседател на ФФМ, со што неговата кандидатура останува официјална.

Муамед Сејдини пред околу две недели поднесе неотповиклива оставка, а Омерагиќ се очекува да биде единствениот кандидат за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. На гостувањето во Финска, нашите футсалци загубија убедливо...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Адамовска: Подмладениот состав има натпреварувачки дух и желба за успех

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утре (среда) ги започнува настапите во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Прв предизвик за избраничките...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов: Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски!

Репрезентацијата на Македонија го одржа денешниот тренинг пред последните два натпревари од...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!