Ракомет

Дерби дуел: Вардар и Пелистер во битка што може да ја реши титулата!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Суперлигашката трка за титулата влегува во самата завршница, а вечерва во Скопје ќе се одигра можеби и клучниот натпревар во сезоната. Имено, во рамки на последниот меч од 7. коло во плеј-офот, Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“ од 19:00 часот ќе го пречека актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Скопскиот тим има одлична можност по пауза од три години повторно да се искачи на врвот на македонскиот ракомет. На „црвено-црните“ им одговара победа, реми, но и минимален пораз до два гола разлика, со оглед дека во досегашните меѓусебни пресметки имаат две победи и подобра гол-разлика од битолчани.

Од друга страна, Еурофарм Пелистер доаѓа во главниот град со јасна цел – да ја продолжи битката за титулата и да не дозволи Вардар уште вечерва да ја прослави шампионската круна. За битолчани бодовите се важни и во трката со Охрид за позицијата веднаш зад лидерот на табелата.

До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, но вечерашниот дуел може да донесе голем пресврт во шампионската битка и да го одреди патот на титулата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Познати се осумте четвртфиналисти во М16 кошаркарската лигата во машка конкуренција

По одигрувањето на осумте натпревари од првата елиминациска фаза, познати се и учесниците во онаа наредната – четвртфинална фаз аод М16 лигата во...

Кошарка

Формирани се осминафиналните двојки во М18 кошаркарската лигата во машка конкуренција

Со одигрувањето на последното коло, во четирите натпреварувачки групи, завршен е регуларниот дел од натпреварувањето во М18 лигата во машка конкуренција. А вкупно...

Поврзани написи
Ракомет

Јасухира го најави дуелот со Вардар: „Овој натпревар е многу важен за нас и ќе дадеме сѐ од себе“

Ракометарите на Охрид ги продолжуваат подготовките за новиот предизвик во плеј-офот од...

Ракомет

Македонските арбитри на најатрактивниот дуел: Митревски и Тодоровски во Брно

Македонија ќе има свои судиски претставници во претстојните бараж натпревари за пласман...

Ракомет

Савревски: „Покажавме карактер во клучните моменти“ – Охрид славеше во Автокоманда

Ракометарите на Охрид продолжија со одличните настапи и на домашната сцена, откако...

Ракомет

Срце имаше, чудо немаше: Вардар запрен во четвртфиналето

РК Вардар 1961 запиша победа над Монпелје со 27-24, но триумфот не...