Кошарка

„Мајсторката“ ќе го даде новиот суперлигаш – Струмица пред својата публика против Бутел

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарите на Бутел изборија трет и решавачки натпревар во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига, откако на домашен терен ја совладаа Струмица 2001 со 85:77 и израмнија на 1-1 во серијата.

Така, новиот член на Супер лигата ќе биде познат по одигрувањето на т.н. „мајсторка“, која ќе се игра претстојниот викенд во Струмица.

Финалистите одиграа три израмнети четвртини, а клучниот момент се случи во последниот период од натпреварот. По три четвртини, Струмица 2001 имаше минимална предност од 65:63, но Бутел одигра одлична завршница и последната четвртина ја доби со убедливи 22:12, што беше доволно за голем триумф и продолжување на битката за пласман во елитното друштво.

Домашниот тим до победата го предводеше Киров со 22 поени, додека Мартиноски додаде 19. Двоцифрен учинок имаа и Јанески со 11 поени, како и Хот и Атанасов со по десет реализации.

Во редовите на струмичани, Јовановиќ беше најефикасен со 19 поени, Александровски постигна 18, а Д. Пандев натпреварот го заврши со 17 поени.

Сега целата сезона ќе се решава во еден натпревар, а домаќин на решавачкиот дуел ќе биде Струмица 2001, која ќе се обиде пред својата публика да обезбеди пласман во Супер лигата, додека Бутел ќе се надева на уште едно изненадување и историски успех.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!