ФудбалЧетврта лига

Стрела 21 по пенал-драма до финале: Тимот од Ерековци на чекор до Трета лига – Југ

Сподели
Сподели

Екипата на Стрела 21 од Ерековци обезбеди пласман во големото финале на Општинската фудбалска лига Прилеп, откако по драматична пенал серија го елиминираше Динамо од Мажучиште.

Во регуларниот дел од првиот полуфинален натпревар немаше победник, а дуелот заврши со резултат 1:1. По израмнетите 90 минути, патникот во финалето беше решен преку пенал рулетот, каде што повеќе присебност покажаа фудбалерите на Стрела 21, славејќи со 5:4.

Со овој триумф, тимот од Ерековци направи голем чекор кон шампионската титула во ОФЛ Прилеп, која носи и пласман во Трета лига – Југ за следната сезона.

Во второто полуфинале, кое се игра утре, силите ќе ги одмерат Кадица и Кадино, а победникот од тој дуел ќе биде противник на Стрела 21 во финалната пресметка за титулата и пласманот во повисок ранг.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!