Ракомет

Савревски: „Покажавме карактер во клучните моменти“ – Охрид славеше во Автокоманда

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Ракометарите на Охрид продолжија со одличните настапи и на домашната сцена, откако славеа на гостувањето кај Алкалоид со 27-26 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата. Само неколку дена по историскиот пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, „гладијаторите“ уште еднаш покажаа дека знаат да одговорат и во густ ритам на натпревари.

Дуелот во Автокоманда донесе многу неизвесност и борба, а охриѓани мораа да вложат дополнителен напор за да стигнат до посакуваниот резултат. Заморот беше присутен, но тимот од Охрид одигра зрело и дисциплинирано кога беше најважно.

Во изјава за Спортска Мрежа, ракометарот на Охрид, Давид Савревски, истакна дека станувало збор за тежок и неизвесен натпревар против неговиот поранешен тим, во кој Охрид покажал карактер и заедништво. Тој нагласи дека и покрај згуснатиот распоред, играчите одговориле на предизвикот со борбеност и тимска игра во клучните моменти, што на крајот донело значајна победа.

„Одигравме тежок и неизвесен натпревар против Алкалоид, во кој успеавме да оствариме многу важна победа. И покрај згуснатиот распоред и заморот, сметам дека покажавме карактер, борбеност и тимска игра во клучните моменти, кога беше најпотребно.“- изјави Савревски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со овој триумф, Охрид уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и дека покрај квалитетот, поседува и ментална стабилност – фактор што може да биде клучен во завршницата од сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од Втората лига, поради неисплатени обврски, клубот се суспендира од натпреварување во...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!