Ракомет

Младост со историска офанзива: 60 голови за убедлива победа, мечот во знак на хуманост за малата Ника

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Екипата на Младост одигра натпревар за паметење во 24. коло од Првата ракометна лига, откако со убедливи 60:24 го декласираше составот на Шампион. Домашниот тим доминираше од самиот почеток, што го потврдува и резултатот на полувремето од 30:9.

Прашањето околу победникот беше решено уште во првиот дел, по што во второто полувреме тренерот на Младост им даде шанса на помладите ракометари. На теренот настапија и кадетите, како и двајца пионери – Иванџиков (14) и Лукиќ (13), кои не само што добија минутажа, туку успеаја да се запишат и во листата на стрелци, потврдувајќи дека клубот има светла иднина.

Најефикасен во редовите на Младост беше Ѓорѓе Атанасов со 12 постигнати голови, додека Стамен Гогов додаде осум, а Душан Каркалашев седум реализации. Кај гостите од Шампион, најрасположен беше Давид Јовчевски со десет погодоци.

Ова е најубедлива победа за Младост во пролетниот дел од сезоната, а воедно и најефикасен натпревар, со оглед на тоа што тимот постигна дури 60 голови – бројка која ниту една екипа не ја достигнала оваа сезона во Првата лига. Иако во есенскиот дел Младост оствари повисока разлика (победа од 44 гола против Кичево), овој натпревар влегува во историјата како најголема голгетерска претстава.

Средбата имаше и хуманитарен карактер. Сите средства собрани од продажбата на влезници беа донирани за малата Ника, која во наредните денови треба да замине на операција. Трибините беа исполнети со навивачи и публика, а присутните ја покажаа хуманоста на дело, претворајќи го овој натпревар во вистински пример како спортот може да обединува и да помага.

Младост со оваа победа не само што ги освои бодовите, туку испрати и силна порака – и на теренот и надвор од него.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Величков ќе им суди на БВК Коњаре и Башкими, Ралевски на Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново

Утре се играат седум натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, откако минатата недела беа одиграни пет средби. Познати се и судиите...

Втора лигаФудбал

Пелистер го промовираше Мите Цикарски

Второлигашот Пелистер од Битола го промовираше Мите Цикарски како најново засилување, кое доаѓа од редовите на Беласица. Триесет и тригодишниот фудбалер ги покрива...

Поврзани написи
Ракомет

Јанковски: Публиката ќе биде нашиот осми играч, верувам во победа против Прилеп

Младост од Богданци со реми се врати во Супер лигата откако одигра...

Ракомет

„Денови на женскиот ракомет“ во Ѓорче Петров: Два дена спорт, традиција и нова енергија

Општина Ѓорче Петров претстојниот викенд ќе биде во знакот на женскиот ракомет,...

Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!